Бранителите на тронот водеа во текот на целиот натпревар, но во втората и третата четвртина Белгијците играа одлично и беа резултатски многу близу. На стартот на последниот период аутсајдерот дури и поведе со минимални 63-64, но тоа само ги налути Словенците.
Резултатот гласеше 65-65, кога Словенија направи неверојатна серија од 17-0 за да покаже кој е кој на овој натпревар. Тука веќе немаше дилеми кој ќе слави па Словенија ја обезбеди победата со 88-72.
Лука Дончиќ очекувано беше лидер во победничкиот тим со 25 поени, додека Ману Леком со 14 поени најмногу се истакна кај Белгија.
Актуелниот европски прва во четвртфиналето го чека подобриот од дуелот помеѓу Полска и Украина , што се игра утре.