Оваа сезона екипата на Вест Хем игра одлично и не треба никој да биде изненаден што „ чеканите” од Лондон во овој момент се наоѓаат на петтото место во Премиер лигата.

Педесет и третиот бод во шампионатот е освоен благодарение на денешниот домашен триумф над тимот на Евертон со конечни 2:1.

Крусвел во првото полувреме погоди за домашните, но во 53. минута Холгејт изедначи на 1:1. Сепак, само пет минути подоцна, Боувен повторно ги носи домашните во предност, овојпат конечна, за дефинтивен триумф на Вест Хем.