Откриено е дека поранешната играчка легенда од клупскиот тоалет им праќал фотографии од својот полов орган. Овермарс комуникацијата ја почнувал со коментари околу облекувањето и атрактивен изглед, за работите од ден на ден да станат посериозни. Но, тој не знаел дека неговите пораки биле „скриншотувани“ и дека неговото тврдење дека е невин повеќе не може да мине.
Една од жените од клубот дури открила дека таа и нејзините колешки биле тајно фотографирани, а тие слики потоа биле делени меѓу вработените со непристојни коментари. Во целата приказна се инволвирани дел од фудбалерите, кои ги канеле жените вработени во клубот на „интимно дружење“ по соблекувалните.