Винисиус Жуниор, фудбалерот на Реал Мадрид, одигра одлична партија на натпреварот против Јужна Кореја.
Тој го постигна првиот гол на натпреварот, а му асистираше на Луис Пакета за четвртиот гол во победата од 4:1 (4:0) над Јужна Кореја.
По натпреварот тој изјави дека е презадоволен од настапот на тимот.
“Сето ова е нормално. Како што одминуваше времето, така бевме се подобри и подобри во првенството. Од натпревар во натпревар чувствуваме дека имаме се повеќе самодоверба, дека сме покоординирани. Игравме сега против екипа која ни даваше простор , а тоа е за нив многу покомплицирано, бидејќи имаме добри движења и играчи кои можат да играат одлично“, изјави тој за ТВ Глобо.
Фудбалерите на Бразил на крајот развиле транспарент со порака „Пеле, оздрави наскоро“.
Винисиус вели дека оваа победа му ја посветуваат нему.
„Да продолжиме со овој танц до финалето. Ќе ја освоиме титулата за него“, рече тој. Винисиус.