Откако донесе низа скапи засилувања, Барселона реши да се сврти кон продажба и генерално намалување на бројот на играчи за полесно да ги поднесе последните трошоци. Првиот играч на списокот на Чави Хернандез веќе го напушти клубот, а тоа е стоперот Оскар Мингеза.
Тренерот на Барселона му порача на Мингеза дека не смета на него ниту на краток, ниту на долг рок и дека треба да бара нов клуб, а каталонски спорт пишува дека стоперот без никаков приговор се согласил на тоа и отишол во Селта, со што стана првата жртва на чистката во Барселона.
Мингеза со клубот од Виго ќе потпише договор на четири сезони, а Барселона треба да заработи два и пол милиони евра обештетување. Мингеза беше еден од петте играчи кои не отпатуваа со Барселона на подготовки во Америка, а очигледно прв од нив сфати дека мора што поскоро да најде нов клуб.