На „Тотенхем Стадиум“ фудбалерите на Тотенхем и Брентфорд одиграа еден спектакуларен натпревар, кој после пресврт заврши со победа на домаќините од 3-2. Мопе беше стрелец на погодокот за 0-1, додека само што започна вториот дел Тотенхем за осум минути постигна три гола и  обезбеди нови бодови на своето конто.

Удоги, Џонсон и Ричарлисон беа стрелци на головите за „петлите“, а конечните 3-2 ги постави Ајвон Тони по катастрофалната грешка на Удоги.