Неверојатното испаѓање од ФА Купот тимот на Манчестер Јунајтед го доживеа во петокот вечерта, кога доживеа тежок пораз со Кристијано Роналдо во тимот од второлигашот Мидлсброу.
И додека сите зборуваа за промашениот пенал на Роналдо и промашениот празен гол на Бруно Ферандеш, вистински херој на овој меч беше Сол Бамба!
37-годишниот е главна тема во англиските медиуми, откако пред само една година мораше да оди на хемотерапија кога му беше дијагностициран рак. Сега повторно е на терен и успева да постигне одлични резултати!
Бамба е роден во Франција и е поранешен репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска. Кариерата ја започна во Пари Сен Жермен, а играше и за Лестер, Лидс и Кардиф, пред да пристигне во Мидлсброу.
Сепак, она што е инспиративно во неговата приказна е токму борбата што ја преживеа во 2021 година. На Бамба му беше дијагностициран не-Хочкинов лимфом во јануари истата година, форма на рак на крвта што го принуди да оди на хемотерапија.
По неколкумесечна борба, во мај 2021 година, Бамба објави дека го победил ракот.
“Јас сум некој кој продолжува напред и размислува напред. Не ми пречи минатото. Сето ова е лудост, не можам да го опишам со зборови. Пред неколку месеци, по хемотерапијата, се сеќавам дека се чувствував толку потонато. Никогаш не помислив дека би можел да се вратам во фудбалот за да играм повторно. Чувствувам големо задоволство кога играм и сфаќам колку сум среќен“, изјави Бамба за Би-Би-Си кон крајот на минатата година.
Робузниот стопер влезе во игра против Јунајтед во 118. минута за да изведе пенал, а тоа го направи успешно во петтата серија. Тој му помогна на Мидлсброу да го исфрли Манчестер Јунајтед и да ги продолжи соништата кон одличен резултат во ФА Купот.
А Сол Бамба веќе си ги оствари соништата… Или како што напиша на својот Твитер по победата, цитирајќи го култниот филм:
„Престар сум за ова срање“.
https://twitter.com/Sol14Bamba/status/1489743316853968899?s=20&t=S6C7ezE1XXjkRSmQdSmvuw