Откако веќе извесно е дека Пауло Дибала го чека двомесечна пауза поради повреда на мускулот на бутот, нов шок ја стресе Аргентина откако денеска се повреди Анхел Ди Марија, а првите прогнози не се најсјајни.
Ди Марија куцајќи излезе од теренот во Хаифа по што беше заменет со Аркадиуш Милик, па сега лекарските прегледи ќе покажат колкава евентуална пауза го чека одличното офанзивно крило. Ди Марија при обид да прими една топка се фати за задната ложа и очигледно е истегнување на мускулот.
Поради својата возраст, во Аргентина сега стравуваат дека рехабилитацијата на нешто помалку од 40 дена пред СП може да се одолговлечи и тој воопшто да не биде во конкуренција, па сега со нетрпение ќе ги чекаат комплетните прегледи за да дознаат дали уште една ѕвезда може да им отпадне пред Мундијалот.
Ди Марија сезонава веќе паузираше еден месец поради повреда на менискусот и тоа откако се повреди на дебито за Јувентус каде дојде летово.