Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, го заврши три дена долгото патешествие од родниот град Ливно до Меѓугорје во БиХ, во кое заедно со тројца пријатели испешачи 120 километри со цел да се поклони пред статуата на мајка Богородица.
Тој крајот на својот пат го објави на Инстаграм, каде што веднаш доби илјадници допаѓања и стотици коментари со честитки, а меѓу првите беше поранешниот репрезентативец на „коцкестите“, Иван Класниќ.
Далиќ е првиот хрватски селектор кој ја однесол оваа селекција на три големи натпреварувања. На овој пат тој тргна набрзо откако на „коцкестите“ им го донесе првиот пласман на фајналфор-турнирот во Лигата на нации.