На теренот имаше многу Африканци како и фудбалери од Бразил, Украина, Грција, БиХ и Таџикистан.
Само тројца Молдавци беа на клупата на Динамо-Авто, додека на клупата на Шериф седеа само странски фудбалери.
Шериф победи со 1:0 со единствениот гол на Абу Отара од Буркина Фасо.
Лимитот за странски фудбалери во стартните тимови беше поништен пред почетокот на сезоната 2020/21, ова му помогна до некаде на Шериф во својата група во ЛШ (17 странски фудбалери беа на списокот за ЛШ). Претходно лимитот беше осум странски фудбалери од старт со обавезно еден младински играч. Сега клубовите имаат потполна слобода да бираат кој ќе игра.
Во Молдавија постои и друго правило, клубовите мора да платат по 5000 евра за да регистрираат странски фудбалер, што за посиромашните молдавски клубови тоа е голем проблем па тие се принудени да се потпираат на домашни фудбалери, помлади и искусни.
За Шериф тоа не е проблем, тоа е богат клуб кој често игра на големите европски турнири. Динамо-Авто е во сопственост на турската фудбалска агенција Пеликан, чии клиенти играат за клубот.
Сепак, ова не е рекордот во Европа. Тоа се случило на Кипар, и тоа два пати каде на мечевите меѓу Пафос-Кармиотиса и Пафос-АЕК Ларнака имало 22 странски фудбалери во стартните постави.