Јужна Кореја ја победи Португалија со 2-1, со гол во 91.минута и успеа да се пласира на второто место во групата Х кое води во осминафиналето на Мундијалот. На крајот настрада Уругвај кој иако победи со 2-0 против Гана, има послаба гол разлика од Корејците. И тоа, само поради помалку постигнати голови на трите натпревари. Гол разликата на Јужна Кореја е 4-4, а на Уругвај само 2-2. И двете селекции имаат по четири бода, а Португалија е на врвот со шест.
Хорта ја доведе Португалија во водство во петтата минута, а израмни Ким Јонг Гвон во 27.минута.
Во 91.минута, Хи-Чан Хванг успеа да постигне победнички гол.
Уругвајците славеа со 2-0 славеа против Уругвај, но тоа беше пирова победа. Иако го знаеја резултатот од другиот меч, кој заврши десетина минути порано, не успеаја да постигнат и трет погодок, кој ќе ги одведеше во осминафиналето. Двата гола за Уругвај ги постигна Џорџиан де Араскаета, во 26. и во 32.минута. Претходно, голманот на Уругвај, Серхио Рочет, му одбрани пенал на Андре Ајев во 21.минута од дуелот