По долги преговори, италијанскиот фудбалер Мануел Локатели стана нов играч на Јувентус. Тој пристигнува во Торино од Сасуоло, а ќе добие 35.000.000 евра компензација, плус разни бонуси.
Локатели пристигнува во Јувентус на двегодишна позајмица со задолжително право на откуп за летото 2023 година, во договор што ќе трае три години подоцна. Италијанецот има 23 години, а претходните три сезони ги мина во тимот на Сасуоло.
Арсенал и Ливерпул беа заинтересирани за одличниот играч за врска ова лето, но Локатели конечно одлучи да остане во својата земја. Официјалниот потпис и презентација на Локатели се очекува за неколку дена.