Лионел Меси играше против Еквадор во четвртфиналето на Копа Америка, но не делуваше добро на теренот откако претходно се здоби со повреда, меѓутоа селекторот на Аргентина, Лионел Скалони верува дека ѕвездата на тимот ќе биде подготвен за дуелот против Канада.

„Гаучосите“ може да здивнат затоа што ќе ги предводи Меси против Канада во битката за финале на Копа Америка.

„Меси е добар и ќе биде дел од натпреварот, ние сме мирни поради тоа. Лео се чувствува подготвен за предизвикот и ќе биде важен играч за нас“, кажа Скалони.

Аргентина ќе се соочи против Канада вечерва по полноќ од 2 часот.