Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во три сета го победи данецот Холгар Руне и се пласира меѓу осумте најдобри на Вимблдон.
Се очекуваше поголем отпор од Руне, но Новак Ѓоковиќ за два часа го среди данскиот тенисер.
Првиот сет Ѓоковиќ го доби со 6-3, во вториот беше подобар со 6-4, а најубедлив беше во последниот трет, кој го доби со 6-2.
Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра против Де Минор кој со 3-1 беше подобар од Филс.