Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, со победа го започна настапот на фјучерс-турнирот во Анталија, откако денес ја совлада Холанѓанката Маделиф Хагеман (6-2, 6-2).
Ова е прва победа во вториот меч во 2024 година за Македонката, по неуспехот на почетокот од квалификациите за Австралија опен. Ѓорческа е трет носител на турнирот со награден фонд од 35.000 долари.
Следна противничка за нашата тенисерка ќе биде победничката од пресметката помеѓу Унгарката Тот и Русинката Андреевскаја.