Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски, продолжува да ја крева својата цена на фудбалскиот пазар со одличните игри во дресот на Абердин. Тоа му обезбеди место во тимот на колото во Шкотска по ремите на неговиот тим против Селтик (1-1) минатата сабота.
Миовски се најде во врвот на нападот во идеалниот состав, откако беше стрелец на голот на својот тим во пресметката со гигантот од Глазгов , за што претходно го доби и признанието за најдобар играч на натпреварот.
Ова беше седми гол за Миовски во последните осум средби за Абердин, со што само го зголеми интересот на повеќе европски клубови, кои претстојново лето нема да жалат пари да го донесат во своите редови.