Кутроне имал одличен однос со неговиот татко, кој бил навивач на Милан и кој го инспирирал да се занимава со фудбал, а го носел и на тренинзи на „росонерите“. На само седум години почнал да тренира, па стана квалитетен напаѓач и заигра за првиот тим на калчолигашот, по што му ја исполни желбата на својот татко.
Италијанецот во моментов го носи дресот на Емполи, а од тимот по смртта на татко му доби 10-дневен одмор за да го надмине тешкиот период. Тој се врати на теренот и одигра 64 минути минатиот викенд против Калјари, меѓутоа не изгледаше воопшто добро на теренот.
Талентираниот напаѓач доби поддршка од навивачите, но и од неговиот сонародник Мануел Локатели со кој заедно играше во Милан, но и младинската репрезентација на Италија. Тој го посетил поранешниот колега и решил да поминат некое време заедно, па сите се надеваат дека Кутроне наскоро ќе го надмине тешкиот период и ќе заигра како што се очекува од него.