Денес во Нион се одржа ждрепката за третото издание на УЕФА Лигата на нации. Сите 55 членки на европската фудбалска заедница се поделени во четири лиги и денес ги дознаа противниците во групната фаза.
Македонија ќе игра во Групата 4 од Лигата Ц, каде ќе биде дел од група заедно со Грузија, Гибралтар, Бугарија
Репрезентациите ќе играат со сите противници од групата на домашен и гостински терен во јуни и септември 2022 година. Четири од шесте натпревари ќе бидат во јуни поради зимскиот распоред на Светското првенство во фудбал во Катар.
Четирите победници на групите во Лигата А ќе се пласираат во нокаут-финалето во јуни 2023 година. Победниците на групите во другите три лиги ќе бидат промовирани за натпреварувањето во 2024/25 година.