Ракометната репрезентација на Македонија го продолжува континуитетот на големата сцена, оваа зима ќе игра на Европското првенство (ЕП), а веќе се планирани и контролните средби на кои ќе се темпира формата.
Пред крајот на декември нашата најдобра селекција ќе се собере во Скопје, а потоа ќе има две пријателски натпревари со селекцијата на Кувајт.
Нашиот национален тим на Европското првенство во 2022 година е во група со Словенија, Црна Гора и Данска. Трите дуели од првата фаза се играат од 13 до 17 јануари. Македонија ќе игра во групата во Дебрецен, Унгарија.