Хрватска славеше против Романија со 31-25 за втора победа во групната фаза на Европското првенство (ЕП), додека Црна Гора ја совлада Србија со 30-29.
Со оваа победа, Хрватите се сигурни патници во втората фаза на континенталниот собир како први и пренесуваат два бода во следната рунда.
„Коцкестите“ уште во првиот дел ја покажаа својата сила и не дозволија никакво изненадување, а на паузата водеа со резултат 16-12. Второто полувреме мина одново во знакот Хрватите, а во одличен елемент беа Јелиниќ и Кларица.
Романија одигра чесно и храбро, но избраниците на Горан Перковац се за класа подобри во моментов и сосема заслужено го освоија петтиот бод во групата Б. Конечниот резултат на крајот гласеше 31-25, а најефикасен ракометар на Хрватска беше Лука Кларица, кој го заврши дуелот со седум постигнати голови.
Романија се држеше до финишот на првото полувреме (12-12), по што Хрватска влезе во серија од 4-0 и замина на паузата со 16-12.
Хрватска играше одлично и во вториот дел и постојано ја зголемуваше разликата против аутсајдерот за на крајот да слави со 31-25.
Србија и Црна Гора понудија возбудлив ракомет во првото полувреме, а на паузата со предност од еден гол (15-14) заминаа Црногорците.
Црна Гора во вториот дел за првпат го прокоцка водството и дозволи ривалот да поведе со 18-17. сепак, во завршницата следеше драма која заврши среќно за Црногорците (30-29).