И покрај одличниот Мартин Томовски на голот Вардар вчера забележа пораз на гости кај ПИК Сегед.

Голманот на Вардар и репрезентативец на Македонија успеа да собере 13 одбрани, а една од неговите одбрани се најде и во топ 5 на колото. Одбранетиот зицер на Томовски е на петтата позиција, а во топ 5 е уште и неговиот колега на спротивната страна од редовите на Сегед, Миклер.