Женската ракометна репрезентација на Македонија го одигра и вториот контролен натпревар против Србија како дел од подготовките на нашиот северн сосед за Светското првенство. Србинките беа подобри и во вториот натпревар и не совладаа со резултат 20:19 (13:11).
Србија од почетокот го диктираше темпото на натпреварот, а македонските ракометарки се обидуваа да фатат резултатски приклучок. До 10. минута Србија дојде до предност од 5:2, а на 7 минути до крајот на првото полувреме Македонија се врати и поведе 10:9. Сепак Србија веднаш возврати и го презеде водството и по 30 минути игра резултатот гласеше 13:11 за домаќините.
Србија и вториот дел го започна подобро и постојано ја одржуваше разлика од 3 гола до средината на вториот дел од натпреварот. Истата порасна и на 20:15 на десет минути пред крајот на натпреварот, по нашите ракометарки направија серија од 4:0 и го поставија конечниот резултат 20:19.
МАКЕДОНИЈА: Серафимова, Мицевска, Јовановска, Миновска, Ристовска 4, Дукоска, Ризоска 2, Дабевска 1, Јанкуловска, Коцева, Стојковска 3, Младеновска, Јанеска 7, Гичевска 2, Кипријановска, Коловска, Д.
СРБИЈА: М. Агбаба 4, Ј. Агбаба 2, Бојичиќ 2, Вукајловиќ, Митровиќ 3, Јововиќ, Богуновиќ, Обрадовиќ, Граовац, Ѓурашиновиќ, Стамениќ, Јовановиќ 1, Ловриќ 2, Јањушевиќ, Рисовиќ, Коциќ 5, Којиќ, Радојевиќ, Гаровиќ 1