Разликата во класа беше огромна, па мечот се сведе само на рутинско одработување односно полесно загревање за стартот од Лигата на шампионите, каде што ќе му гостува на Елверум. Сите играчи на списокот на тренерот Веселин Вујовиќ се запишаа во листата стрелци, освоен тројцата голмани Ристовски, Гогов и Томовски. Најдобри стрелци кај Вардар беа Талески и Дибиров со по седум гола, а Георгиевски постигна шест погодоци, додека Чакалиќ со пет и Василевски со четири гола беа најдобри кај Скопје.
Еурофарм Пелистер исто така ја почна сезоната со победа и тоа во братското дерби со Еурофарм Пелистер 2 (29-24). Најефикасни во победничкиот тим беа Божиќ Павлетиќ, Обрадовиќ и Мандалиниќ со по пет гола, а Павле Петровиќ постигна четири гола за вториот тим.
Охрид славеше над Тиквеш со 29-24, па така ја почна новата сезона во ракометната Суперлига со триумф.