Вардарци веќе два меча не знаеја за триумф во Втората лига бидејќи одиграа реми против Кораб (0-0), а потоа загубија од Силекс со 1-2. Но, сепак денеска избраниците на Симов успеаа да го скршат малерот и да ги израдуваат Комити.
Првиот погодок за „црвено-црните“ го постигна Никола Наумовски, кој во завршницата на првото полувреме ја затресе мрежата на Воска, додека Кристијан Костовски го потврди триумфот од 2-0.
На останатите натпревари во Втората македонска лига – Запад до триумф стигна и Силекс против Охрид (1-0) со голот на Ѓорѓи Танушев. Тетекс одигра нерешено со Кадино (1-1), Беса го освои целиот плен кај Гостивар (2-0), а Кораб ја реши Велешта со 1-0.