Александар Трајковски денеска го имаше дебито за Алборг во дуелот со Виборг. Неговиот тим славеше со 2:3 во драматичен натпревар, кој на крајот имаше хепи-енд за македонскиот репрезентативец.
Трајковски влезе во игра во 76. минута, а неговиот тим имаше водство 1:2, па домаќинот стигна до 2:2, и на крајот Алборг погоди за триумф од 2:3.
Сега Алборг се искачи на третото место на табелата од данската Супер лига