Германија со многу напор успеа да победи со минимални 1:0 над селекцијата на Оман во последната контрола пред Мундијалот во Катар.

Фудбалерите на Ханси Флик се намачија да постигнат гол, а Оманците на 0:0 имаа 100% шанса за водство.

Голот за победа на „панцирите“ го постигна резервистот Никлас Филкруг на десет минути пред крајот на мечот по асистенцијата на Каи Хаверц.

 

Победа пред Мундијалот оствари и Полска која со голот на Кшиштоф Пјотек во финишот на мечот го совлада Чиле со 1:0.