Ракометарките на Данска победија во скандинавската пресметка за прво место во групата против досега непобедливата Норвешка, со 31-29 и ја избегнаа Франција која беспрекорно ја заврши и втората фаза во групите на Европското првенство.
Франција ќе се соочи со Норвешка, а Данска со победата ќе игра со Црна Гора во полуфиналните мечеви во завршната битка за трофејот на овој континентален собир на најдобрите ракометарки после комплетирањето на групите на ЕП.
Серијата од 3-0 на девет минути пред крајот на Данска ѝ овозможи да се одлепи (27-24), а пет минути пред крајот имаа и плус четири (29-25) и да зачекори кон победата, а Норвешка немаше одговор во завршницата, па сè што направи беше на крајот само да дојде на гол негатива, но не и да се избори за реми за да остане прва.
Хансен со седум гола и Петерсен со пет беа предводнички на Данска, а Нора Морк даде осум како најефикасна кај Норвежанките.
Во вториот меч вечерва Франција ја здроби Шпанија со 36-23 за перфектно да ја заврши скопската група со максимални десет бода, во меч на кој Валентини даде шест гола, Ласор и Серсен-Уголин по пет.