Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Луис Енрике доби лоши вести на последниот тренинг затоа што еден од неговите избраници се повредил пред почетокот на Светското првенство (СП) во Катар.
Хозе Гаја го повредил зглобот, по што бил испратен на детални прегледи и треба дополнително да биде утврдено колку време мора да паузира.
Иако засега не е познато колку е сериозна повредата, сепак шпанските медиуми пишуваат дека Гаја ќе го пропушти првиот дуел на СП против Костарика, кој е закажан за 23 ноември.
Шпанија потоа игра против Германија на 27 ноември, а четири дена подоцна ќе се соочи со Јапонија.