Како што пренесува шпанска Марка, Барселона и Најк ги пеглаат деталите за нова 10 годишна соработка вредна околу 140 милиони евра по сезона.
Како што пренесува Марка, начелно е постигнат договор и сега се пеглаат деталите.
Најк ќе треба да плаќа околу 140 милиони евра по сезона, но останува да се види колкава сума ќе биде префрлена веднаш како бонус за потпис, и колку ќе се префрла секоја сезона.
Се верува дека компромис ќе биде пронајден со сума од 150 милиони како бонус, како и исплата од 125 милиони евра секоја сезона во наредните 10 години.
Бонусот за потпис и е многу важен на Барселона бидејќи во билансите за сезоната 2023/24 има загуба од 91 милиони евра поради тоа што не пристигнаа на време парите од продажбата на „Барса Вижон“.