Младиот 18-годишник може да си замине од украинскиот тим како слободен фудбалер, па двата гиганти од Мадрид сакаат да ја искористат ситуацијата, односно војната во оваа земја.
ФИФА дозволи странските фудбалери кои играат во Украина и Русија да можат слободно да ги раскинат договорите со тамошните клубови и до 7.април без проблем да направат трансфер во друг клуб.
Тобајас игра на позицијата десен бек, а во Шахтјор пристигна во јануари годинава од Интернационал за 6 милиони евра. „Кралевите“ се во очајна потрага по нов десен бек, бидејќи моментално на располагање го имаат само Дани Карвахал, но и Лукас Васкез, кој по потреба игра на оваа позиција.