Селекторот на Македонија, Кире Лазаров, го скрати списокот пред претстојниот бараж двомеч со Романија за место во вториот бараж за СП.
Лазаров ќе смета на 21 ракометар, меѓу кои се најде и самиот тој, а најавено од претходно тука е и Филип Миркуловски.
Повредениот Мартин Велковски го немаше ниту на поширокиот список, но на десната бековска позиција покрај Лазаров тука се Мартин Серафимов и Томи Јагуриновски.
Натпреварите против Романија се играат на 17 март во Скопје и 19 март во Букурешт, а победникот оди во вториот бараж на Чешка.