Македонската „фаланга“ од Виена веќе се организираше за средба во Злин. Околу 60 навивачи се најавени за вечерашната пресметка (20:15 часот). На својата официјална страница фановите од Виена испратија апел до сите кои ќе дојдат во овој чешки град, собирот е во 19:15 часот пред салата.
Нашите ракометари секако се среќни дека ќе имаат поддршка од трибините, за нив ќе биде голем ветер во грб, но и мотив повеќе од Чешка да се вратат со резултат, кој ќе им ги отвори широко вратите кон Мундијалот.