Ракометарите на Исланд и Германија го задржаа максималниот учинок на Европското првенство што се одржува во Унгарија и Словачка.
Исланѓаните ја растажија домашната селекција на Унгарија во Будимпешта совладувајќи ја со резултат 31:30 (17:17).
Така стигнаа до првото место во групата Б, додека Унгарците треба да го чекаат исходот од последниот натпревар меѓу Португалија и Холандија.
Исланѓаните со по девет гола ги предводеа Елисон и Магнусон, додека кај унгарскиот тим најефикасен беше Банхиди со шест.
Дербито на вечерта меѓу Германија и Полска за првото место во групата Д им припадна на „панцирите“ со резултат 30:23 (15:12).
Овие две селекции уште порано го обезбедија пласманот, но Германија успеа да ги пренесе бодовите, додека Полјаците во вториот круг ќе одат без ниту една.
Најефикасен беше Штајнер со девет гола, додека Морито имаше седум во поразениот тим.