Сенегал и Гвинеја од групата Б се патници во наредната фаза на Африканскиот куп на нациите. Сенегал одигра без голови со Малави па со тој резултат Сенегалците го освоија првото место со 5 бодови, а втора на табелата заврши Гвинеја која загуби од Зимбабве со 2:1.

Гвинеја собра 4 бода исто колку и Малави и двете репрезентации имаа идентична гол-разлика 2:2. Но понатаму оди Гвинеја затоа што беше подобра во меѓусебниот дуел во првото коло (1:0).

Малави ќе чека по завршувањето на третото коло да види дали ќе биде меѓу четирите најдобро третопласирани па да се најде во нокаут фазата.

Standings provided by SofaScore LiveScore