Англискиот прениерлигаш Ливерпул ќе го продава Роберто Фирмино. Менаџерот Јирген Клоп смета дека доаѓа вистинскиот момент за продажба на 30-годишниот Бразилец.

Тој има договор уште 18 месеци со Ливерпул и клубот нема намера да му понуди нов, туку на лето ќе го стави на трансфер листа.

Од почетокот на сезоната Фирмино имаше неколку повреди и го загуби местото во стартниот тим, а до овој момент има постигнато седум гола.

„Црвените“ се подготвени да го продадат за 20 милиони фунти, а за Фирмињо интерес покажуваат неколку европски гиганти, а најсилен е интересот на Барселона.