Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо се надева дека ќе може да игра фудбал на највисоко ниво уште четири или пет години.
Португалскиот фудбалер во понеделникот ја доби специјалната награда на ФИФА, бидејќи постави рекорд по бројот на голови во репрезентацијата со 115 голови.
„Никогаш не мислев дека ќе го соборам тој рекорд. Горд сум и ова е специјална награда од ФИФА, организација која многу ја почитувам. Навистина сум горд, ова е големо достигнување“, изјави Роналдо и додаде:
Сè уште ја сакам оваа игра. Целта не ми е само да давам голови, туку и да ги забавувам луѓето. Кога излегувам на терен, дури и на тренинг, сум мотивиран. Наскоро ќе наполнам 37 години, но се чувствувам добро и сакам да продолжи да играм „Луѓето ме прашуваат уште колку ќе трае мојата кариера, се надевам уште четири или пет години. Тоа е менталитет. Кога добро се однесуваш со своето тело, тоа ќе ти врати“.