Нашата судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, вечерва ја дели правдата на дербито во групата – Д, во кое се среќаваат Германија и Полска. Ова е дуел кој ќе реши кој ќе биде прв во групата, кој ќе оди во следната фаза со два бода, ако се знае дека и двете селекции уште по првите два меча ставија “печат“ на пласманот во наредната фаза од ова ЕП.
Македонските претставници уште еднаш добија доверба од ЕХФ за нивните квалитети.
Ова за нив ќе биде втор меч на ова ЕП, претходно тие го судија дуелот меѓу Словачка и Литванија.