Тимур Дибиров по подолго време го напушти Вардар и се пресели во ППД Загреб, а сега за хрватски медиум зборувал за овој свој потег.
Искусното руско крило повторно ќе игра заедно со Иван Чупиќ, па го потенцирал хрватскиот ракометар како клучен во носењето одлука за преселба во Загреб.
Кога Чупиќ ме побара и убаво ми објасни, сфатив дека сакам да бидам дел од овој проект.
– Не е доволно само да бидеш силен на хартија, ако беше така, секоја година би победувале Барселона, ПСЖ и Кил, – изјавил Дибиров за „РТЛ“.
– Се надевам дека ќе ја вратиме публиката на трибините, како што Хрватите навиваат за репрезентацијата, во Загреб би требало да навиваат за клубот, – изјавил Дибиров околу една од амбициите кои сака да ги оствари во новиот клуб.