Скандинавските ракометни велесил Данска и Норвешка приредија спектакл во полуфиналето и мечот заврши со победа на актуелниот светскиот првак. Норвежанките стигнаа до победа дури по продолженија. Регуларниот дел на натпреварот заврши 23-23, а по додатните десет минути, беше 28-29. Во финалето Норвешка ќе игра со Франција, а за Данска утеха е „малото финале“ против Шведска.
Домашните ракометарки фуриозно го отворија скандинавското дерби. Кружниот напаѓач Хеиндал беше расположена за надигрување и Данска уште во седмата минута се одлепи на четири гола позитива (5-1). Ракометарката на Есбјерг беше автор на три гола, а во воведот одлична беше и голманката Реинхард, која впиша три интервенции. Норвешка за краток период се врати на само еден негатива (5-4), но Данска одново влезе во нова серија и со три врзани гола одново поведе со четири гола (8-4).
Во 17. минута со голот на Јоргенсен, Данска за првпат се искачи на плус пет (10-5). Во вториот дел видовме една нова Норвешка, која цело време бркаше резултат, ама ја „топеше“ позитивата на скандинавскиот ривал. Предводена од голманката Солберг и Рејстад, Норвешка која е светски првак од 22-20 дојде на 22-22 во самиот финиш, а потоа по техничка грешка на Данките, Солберг-Исаксен донесе 22-23, прво водство за Норвежанките на оваа средба. На 22 секунди до крај, Данска со „седум на шест“ имаше акција за продолжение, Јенсен изнуди пенал, а Јергенсен донесе продолжение (23-23).
Во продолжениетомразот го скрши Рајхтад со гол од пенал за 23-24. Хансен веднаш возврати за 24-24, на пауза се замина со 25-25. Во вторите пет минути пак продолжи гол за гол (27-27), а по гол на Рејстад, Данките од пенал израмнија (28-28). Последниот збор на мечот го имаше Норвешка, која влезе во финале со гол на феноменалната Реистад со звукот на сирената.
Токму Реистад беше најдобра на натпреварот. Одигра како МВП со петнаесет постигнати гола, пред Офтедал со пет постигнати гола, додека кај Данска, Јоргенсен имаше седум, а Хансен пет постигнати гола.