Македонскиот репрезентативен напаѓач, Бојан Миовски е во центарот на вниманието во Шкотска затоа што во Абердин очекуваат многу од него.
Миовски кој уште на првиот натпревар за Абердин се запиша во листата на стрелците истакна дека сака да биде во најдобрите три напаѓачи во лигата.
– Секој напаѓач сака да биде број еден во својата лига. Па, ако постигнам десет или 15 голови сакам да завршам меѓу тројцата најдобри стрелци во лигата,- истакна Миовски кој потоа изјави дека доаѓањето во Абердин е најдобра одлука за него.
– Има многу млади играчи кои играат овде, сакам да сум во клуб во кој би напредувал. Мислам дека донесов најдобра одлука. Знам дека клубот продава играчи во Премиер лигата, па тоа е нешто што го сакам во иднина, -заврши Миовски.