На полувремето избраниците на Жозе Мурињо имаа предност од 2-0, но на крајот средбата заврши без победник. Џеко го отвори резултатот во третата минута од судиското продолѓение, додека Ел Несири четири минути подоцна го удвои водството. За 2-1 во вториот дел се погрижи Гунтер, додека Ромуло во 95. минута беше стрелец за бод за Гецтепе.
Натпреварот се најде во центарот на вниманието и поради нападот врз претседателот на Фенербахче Али Коч. Првиот човек на турскиот гигант беше физички нападнат на теренот, додека навивачите од трибините фрлаа и разни предмети. Газдата на Фенербахче сепак бил нападнат од човек кој на себе имал акредитација.
Напаѓачот брзо бил идентификуван и приведен, додека на Коч му се пружила лекарска помош.