Англискиот вицепрвак Арсенал славеше победа  со 2-0 против Вулверхемптон во првото коло од Премиерлигата, додека Евертон пак на домашен терен претрпе тежок дебакл со 0-3 од Брајтон.

Каи Хаверц и Букајо Сака одиграа важна улога при двата гола, и тоа Англичанецот прво му асистираше на неговиот колега за 1-0, а потоа Германецот му возврати на ист начин во 74. минута за конечни 2-0.

Евертон одигра лош натпревар, тоа го искористи Брајтон кој погоди преку Митома, Велбек и Адингра за голема победа од 3-0.

Њукасл доби црвен картон уште во 28. минута кога беше исклучен Шар, но тоа не ги спречи домаќините преку Жоелингтон да погодат за триумф од 1-0 против Саутемптон, додека Нотингем Форест одигра нерешено со Борнмут (1-1).