Астон Вила го победи Вест Хем со 1-2 (1-1) во Лондон во првото коло од Премиер лигата. Ова беше многу важен натпревар и за двата тима.

По само четири минути игра, катастрофалната реакција на одбраната на Вест Хем предводена од голманот Алфонсо Ареола, кој остана закопан по обидот на Јури Тилеманс и му дозволи на Андре Онана со глава да ја уфрли топката во мрежата.

 

Лукас Пакета, пак, израмни во 37. минута од белата точка. Деталот кој го реши натпреварот се случи во 79. минута кога на асистенција на Џејкоб Ремзи, Џон Дуран, човекот кој за малку ќе завршеше во Вест Хем ова лето, погоди за гостите.

Домаќинот можеше да се спаси од пораз во седмата минута од судиското надополнување, но Томаш Соучек пропушти одлична прилика кога пред него се испречија Недељковиќ и Конса.