Новата тинејџерска сензација на Барселона, 16-годишниот Ламин Јамал, одлучи да ја одбие поканата од Фудбалската федерација на Мароко и да игра за репрезентацијата на Шпанија.

Шпанските медиуми пишуваат дека постои голема можност селекторот на Фуријата, Луис де ла Фунте, да го повика Јамал за претстојните натпревари во квалификациите за ЕП 2024, против Грузија (8 септември) и Кипар (12 септември).

Мајката на младиот фудбалер е од Екваторијална Гвинеја, таткото е Мароканец, а Јамал порасна во Шпанија и играше за младите репрезентации на шпанската фурија.

Јамал настапи на сите три натпревари на Барселона во Ла Лига, на последните два беше дел од првата постава и само против Хетафе мечот го започна од клупата за резерви.