Карим Адејеми е најзаслужен за победата на Борусија Дортмунд против Селтик, бидејќи брзоногото крило беше автор на три од петте постигнати гола на домаќините во првото полувреме.
Германскиот бундеслигаш има голем императив за победа секогаш кога игра на домашен терен, а фановите на „Сигнал Идуна парк“ повторно сведочеа на една фудбалска мајсторија во првиот дел.
Голот за 3:1 беше вистинско ремек-дело од страна на Адејеми, кој испрати неодбранлив „проектил“ во мрежата на Шкотланѓаните.
Карим прифати една топка откосо и во прв момент воопшто не изгледаше дека ќе шутира, па затоа со своето „торпедо“ ги изненади сите пристутни на трибините.
Силниот удар буквално го „проби“ голманот Каспер Шмајхел, а воедно предизвика ерупција од радост на трибините. Претходно, Адејеми го постигна голот за 2:1, а стрелаше и за 5:1 по 45 минути игра во Дортмунд.
Видеото погледнете го ТУКА