По Баерн Минхен кој во првото коло го демолира загребски Динамо со 9-2, уште еден германски тим се погрижи за антологиска победа во ЛШ.

Борусија Дортмунд пред својата публика го совлада Селтик Глазгов со 7-1 и потврди дека ланскиот пласман во финалето од елитното натпреварување не било случајно. Прва ѕвезда на вечерта беше феноменалниот Карим Адејеми кој постигна хет-трик во првото полувреме, но се повреди на стартот од второто полувреме поради што мораше да го напушти теренот пред време.

 

По само 11 минути игра, резултатот беше 2-1 и се чинеше дека ќе се води голема борба. Сепак, до крајот на полувремето Борусија постигна уште три гола, а во продолжението уште два со тоа што покрај Адејеми, се истакна и Гираси со два гола. Останатите два беа дело на Џан и Нмеча.

И Црвена Звезда доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Интер. Српскиот првак беше рамноправен, но сите четири гола му ги подари на противникот. При првиот гол киксираше голманот Глазер, при вториот Круниќ, при третиот Спајиќ, а при последниот Дркушиќ кој несмасно стартуваше врз Лаутаро Мартинез и направи пенал.

Чалханоглу во 11.минута постигнамаестрален гол од слободен удар, а Марко Арнаутовиќ зголеми на 2-0. Лаутаро Мартинез беше стрелец на третиот гол, а Тареми до крајот реализираше и пенал.

РЕЗУЛТАТИ
Арсенал – ПСЖ 2-0
Барселона – Јанг Бојс 5-0
Баер – Милан 1-0
Борусија – Селтик 7-1
Интер – Црвена Звезда 4-0
ПСВ – Спортинг 1-1
Слован – Манчестер Сити 0-4