Кадиз прокоцка сигурна победа против Севилја и освои само бод (2-2) во 11. коло од шпанската Ла Лига.
Рамос стрелаше во осмата минута за водство на домаќините, а потоа Махис погоди за предност од 2-0.
Во завршницата од првото полувреме Окампос ги врати надежите на гостите од Андалузија, додека Ракитиќ во 60. минута со маестрален гол, погоди за 2-2.
Севилја се наоѓа на 13. позиција и има 10 бодови, додека зад нив е Кадиз со ист број на бодови, но полоша гол-разлика.
Во ова коло без голови играа Хетафе и Мајорка, а гостинска победа запиша Лас Палмас, кој со 1-2 ја совлада Алмерија.