Македонските фудбалери Давид Бабунски и Кристијан Трапановски кратко време се во Данди Јунајтед, но веќе на самиот старт покажуваат дека ќе бидат големо засилување за повратникот во најсилната шкотска фудбалска конкуренција.

Тие постигнаа три од петте гола со тоа што два реализира Кристијан Трапановски, а еден постигна Давид Бабунски. Трапановски веќе има три гола и две асистенции на три меча во тимот на Данди Јунајтед додека Бабунски го постигна вториот гол откако во текот на викендот беше стрелец против Еир Јунајтед.

Нивниот тим се наоѓа на првото во групата Б во Лига купот со девет бода од четири натпревари пред Фалкирк кој има шест бода од три меча.