Фудбалерот на Жирона, бразилецот Савио Мореира, на лето ќе се пресели во Манчестер Сити. Англискиот првак го препозна квалитетот на одличниот крилен напаѓач и ќе го носи на „Итихад“.
Жирона е најголемиот хит оваа сезона во Топ-5 европски лиги. Каталонскиот тим моментно е второпласиран во Ла Лига и има два бода помалку од Реал Мадрид и шест повеќе од Барселона.
Најопасен нивен играч е Бразилецот Савио (19), кој моментално е позајмен од францускиот второлигаш Троа.
Одличното лево крило на 27 натпревари постигна седум гола и асистираше седум пати. Одличната техника и брзината на Савио го прават незапирлив оваа сезона. Неговиот развој внимателно го следи Манчестер Сити и постојат сите шанси Савио да игра под водство на Пеп Гвардиола почнувајќи од следната сезона.
Медиумите на Островот тврдат дека е постигнат договор и дека сѐ треба да биде потпишано деновиве. Савио имаше неколку понуди од Германија и од Англија, но реши да остане во групацијата на Сити.
Џирона стана дел од групацијата на Сити во 2017 година. УЕФА тогаш дозволи една групација да поседува повеќе од еден клуб во европскиот фудбал. Оттогаш, сопствениците на Сити финансиски и кадровски го поддржуваат овој помал каталонски прволигаш.
Шеикот Мансур бин Зајед ал Нахајан и Калдун Мубарак ја основаа „Сити Фудбал Груп“ која што го купи Манчестер Сити. Тие го направија тимот од „Итихад“ најсилен во светот и најтрофеен во последните десет години.