Само пет минути беа доволни Стеван Јоветиќ да се запише во листата на стрелците во германската Бундеслига во дресот на Херта.
Тој го постигна водечкиот гол за берлинскиот тим на гостувањето кај Келн но еден друг податок е многу поинтересен. Имено со неговиот првенец во Германската Будес лига тој иапиша историја, бидејќи постигна барем по еден гол во секоја од петте Топ европски лиги.
Освен него, единствено Романецот Флорин Радукоиу го има направено истото.
Во својата кариера, Јоветиќ ги затресе мрежите како играч на Фиорентина и Интер во Италија, Манчестер Сити во Англија, Севиља во Шпанија, Монако во Франција и сега Херта во Германија.